18 декември 2018

 

НОБЕЛОВСКА НОМИНАЦИЈА ЗА ЕТНОЦИД

 

Гангстерите не се срамат од ништо, а етерот и хартијата трпат сѐ и сешто. Така и оваа ступидна ултрапро-пагандна прошетка од Скопје до Атина на мрачната екипа за „славно“, „нобеловско“ „успешно“ довршување на црниот етноцид врз македонскиот народ се обидува, со идиотската номинација на Заев и на Ципрас за Нобелова награда за мир, пред македонската и меѓународната јавност од лајно да направи и да послужи пита.

Но, единственото нешто што е сигурно, покажано и докажано, е тоа дека сите тие што беа и што сѐ уште се длабоко инволвирани во ова дведецениско, страшно, криминално, антицивилизациско замешателство околу Македонија, од меѓународните смрдени гнасови, до домашните шпионски димитровски ѓубриња, платени од ЦИА да работат против својот народ, и тоа од министерската позиција во владата, од срцевината на националната државност, па сѐ до најпатолошкиот велепредавник на светов, квислиншкиот премиер Зоран Заев тоа е дека успеаја само од убава домашна пита да направат црно меѓународно лајно.

Е, за тоа, мајмуни едни, не се доделува Нобелова награда. За тоа се оди во затвор. Но кој високо лета ниско паѓа! А така ќе биде и со номинираниот „нобеловец“, црпнат од муртинската нива, Заев, и со сета негова велегангстерска и велепредавничка дружина, иако сега тоа се чини невозможно.

Етноцидот на македонскиот народ и уништувањето на Република Македонија сепак не е уривање на Берлинскиот ѕид, или укинување на апартхејдот во Јужна Африка. Овие двајца ситни балкански надри-политичарчиња, Заев и Ципрас, што сега ги гледаш, а утре, по изборите, едноставно ќе ги (с)нема, се само трагикомични крим-кловнови во глобалистичкиот циркус кој, еве, за жал, сѐ уште има верна публика на ридестиот Балкан.

За волја на вистината, на САД, ЕУ, НАТО, ЦИА, Грција, Бугарија и Албанија ќе им беше многу поедноставно сите заедно, синхронизирано, физички, воено да ја нападнeа Македонија со сите расположливи сили и средства и ќе ја сотреа веднаш. Но моралните ѓубриња секогаш сакаат да испаднат многу фини, господа, демократични, почитувачи на правната држава и на меѓународното право, па врз Македонија решија да го испробаат најсофистицираниот свој освојувачки беспилотен пронајдок административно самоубиство и парламентарно самоукинување на нацијата и на државата.

Меѓутоа, се покажа дека тоа и не е баш така лесно и едноставно. Се покажа дека не можеш да правиш баш сѐ што сакаш, а истовремено да ги почитуваш Уставот и законите, па почнаа да се преправаат дека ги почитуваат македонскиот Устав и законите. Но и нивното виткање и преправање дека се супердемократи и супер граѓански хуманисти и легалисти воопшто не им помогна, и не издржаа ниту еден официјален протокол на донесување на за државата важни закони, или пак потпишување на важни меѓународни договори, до крај да се спроведе според уставните и законски одредби, па си ги отпуштија цревата и почнаа сѐ да си тераат на своја рака, проверено гангстерски, насилнички, незаконски: најнапред извршија државен удар во Собранието, потпишаа смртно штетен договор со Бугарија, незаконски и со сила донесоа „Закон за албанскиот јазик“, го потпишаа капитулантскиот договор со Грција, ја погазија референдумската одлука на мнозинството македонско население за неприфаќање на тој договор, безобѕирно ги уценија и скапо ги поткупија осумтемина пратеници за отворање на процедурата за промена на Уставот, ги игнорираа законските обврски најважните документи за државата да ги потпишува претседателот на Републиката, се изгубија во тендерскиот криминал, во хистеричната целосна партизација на државата, во воведувањето и зацврстувањето на полициска држава и внесување длабок страв меѓу граѓаните. Со еден збор, станаа официјални државни разбојници! А како такви ги официјализира и безобѕирниот меѓународен неоколонијалистички џган, кој не престана да измислува најразлични видови светкав (но сепак јасно проѕирен) целофан во кој сиот тој морален заевски измет ќе се завитка за да личи на демократија и на голем цивилизациски дострел.

И еве, така посегнаа и по нобеловска номинација за ЕТНОЦИД врз македонскиот народ и за уништување на Република Македонија.

Ах, какви невидени ѓубриња и кретени се и тие што тоа го обмислија и бесрамно ги девалвираат значењето и угледот на Нобеловата награда, како и тие двајца бедни „нобеловци“ што така кретенски ја прифаќаат номинацијата. Треба навистина да си опериран и од последната трошка мозок, и од последниот атом морал, за да помислиш и да поверуваш дека за оваа надреална криминално-политичко-воена свинштина, за овој најсофистициран ЕТНОЦИД над македонскиот народ, невиден и незапомнет во таква форма од кога постои човечката цивилизација, си заслужил да се наредиш меѓу најголемите хуманисти во светот. Кретени!

Се разбира, нема да има ништо од тоа! Тоа е само уште еден од оние дебилни, надувани, лубриицирани шарени заевски презервативи што треба бучно и „сликовито“, застрашувачки да се распрсне над Македонија и над целиот Балкан! Но кога и оваа „нобеловска“ луња во чаша вода ќе се смири, Зоран Заев засекогаш ќе си остане беден, аморален велепредавник и криминалец кој со насилство, измами и дебело платена и поткупена „револуција“ поддржана од големоалбанските неранимајковци и терористи ја инсталира својата Црна Хунта, а пак фашистоидниот данаец Ципрас ќе си се врати во својата агонична грчка општествено-политичка и бедна економска реалност, до првите следни избори, по кои само ќе може да им објаснува на копартијците како било и што било, и ништо повеќе од тоа.

Останува само уште, незадоволни од овој и ваков, сосема сигурен неуспешен, лубрифициран презервативски исход со „нобеловската“ номинација за ЕТНОЦИД, меѓународните заебанти со невиниот македонски народ, да предложат НАСА со имињата на Заев и Цирас да именува две новооткриени ѕвезди опашарки во бескрајниот морален цивилизациски вакуум и непрегледниот и бесконечен семир на неизмерното глобалистичко лудило.

Мил мој македонски народе, знам, знам дека сега ти звучи шокантно и застрашувашки и оваа најнова евтина и ступидна пропагандна меѓународна шарада со „номинацијата“, зашто таа е и обмислена да застрашува и негативно да импресионира, но не се лажеш во своите најдлабоки чувства и уверувања, сосема си во право кога во себеси си шепотиш, зашто во Македонија не смееш тоа гласно да го изговориш, дека глупавиот цар Трајан Заев има големи магарешки уши и оти е само еден најобичен уличарски неранимајко на кој ниту сто Нобелови награди не би му помогнале да се искупи за своето невидено и непоправливо велепредавничко Зло што им го нанесе на македонскиот народ и на Република Македонија.

 

18 декември 2018, Republika.mk Online

Нобеловска номинација за етноцид

https://republika.mk/nobelovska-nominacija-za-etnocid/