6 јуни 2019

 

ИЛИ МК ВЕДНАШ ВО ЕУ – ИЛИ ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЌЕ БИДЕ ИЗОЛИРАНА!

Фрчат панични дипломатски твитови на сите страни

 

Деновиве фрчат остри, заканувачки твитови од Зоран Заев кон лидерите на ЕУ, а најостар твит е упатен до Ангела Меркел: Слушајте, госпоѓо Меркел, јас како кандидат за Нобелова награда ве предупредувам: Европа нема време за чекање! Итно примете нѐ во ЕУ, или Европската Унија ќе биде изолирана земја. Оваа шанса за ЕУ ви ја нудиме само сега и никогаш повеќе. Или прием на МК - или изолација на ЕУ!

Ако имате проблеми со консензусот на 28-темина околу ова прашање, итно организирајте референдум во земјите на ЕУ, а ако се покаже дека ќе имате проблеми со цензусот, инклузивно ви го ставам на располагање мојот тим врвни стручњаци за брзо полнење на гласачките кутии.

Ако пак референдумот ви биде бојкотиран, е тогаш ви останува само да ги примените познатите „балкански методи“ што во силувањето на „нашава земја“ ги патентира вашиот ЕУ-прематар и мој голем пријател Јоханес Хан, а експертска логистичка поддршка ќе ви даде мојата, во тие нешта крајно искусна кримогена квислиншка и големоалбанска влада. Зашто, ох, Ангела, Ангела, ако не „блескаме“ - ќе ја оплескаме!

 

* * *

Во меѓувреме и Хан му твитна на Заев:

Еј другарче, морав да ти се јавам. Баш на заминување од должноста во ЕУ, додека си ги собирав парталите, слушнав една работа, па ми се стори дека тебе ми те озборуваа, но можеби секоја сличност со тебе е сосема случајна. Но сепак, Берија Спасовски нека провери кој тоа во ЕУ шири таков говор на омраза. Ти ја пренесувам целата соржина на инкриминираниот текст:

Еден евроинтегративец ѝ „побарал“ на некоја „шарена чупа“ од село Муртино, и тоа со многу недвосмислена цел. „Шарената чупа“ рекла: „Ок, ама ќе ми купиш златно прстенче?„ „Ќе ти купам, бе“ - ѝ ветил евроинтегративецот. „Добро, ама да ми купиш и фустанче!“ - пак се јавила „шарената чупа“. „У, збор да нема“, рекол тој. „Ама ќе ми купиш, нели, и бундичка?“ „Ма сѐ ќе ти купам“, ѝ ветил евроинтегративецот, и ја однесол во најблискиот мотел. Кога ја свршиле работата и излегле оттаму, „шарената чупа“ оптимистично вели: „Е, ајде сега да одиме да ми купиш златно прстенче“. ”Ма какво бре прстенче, што ти паѓа на ум?!“ - ѝ рекол евроинтегративецот. „А фустанче? Нели и тоа ми вети?“ „Ама, нема ништо од тоа, заборави!“ - ѝ се свртел евроинтегративецот.

„Па, што е сега ова: нема прстенче, нема фустанче, а ми вети дури и бундичка?!“ „Точно, но тогаш кога ти ветував имав меко евро-срце и тврди евро-аргументи, а сега имам меки евро-аргументи и тврдо евро-срце“.

 

6 јуни 2019 Republika.mk Online

Или МК веднаш во ЕУ - или Европската Унија ќе биде изолирана!